Свет

Започна тридневната прослава на Рамазан Бајрам

Верниците од исламската вероисповед ширум светот ја започнаа тридневна прослава на Рамазан Бајрам.

Рамазан Бајрам започна на зајдисонце и го означува крајот на постот за време на светиот муслимански месец Рамазан.

По рамазанскиот пост, исполнет со прошка и милостина, верниците го поминуваат големиот празник со семејството и пријателите, со желби за добро здравје, среќа и бериќет.

Во претходните 30 дена пост, верниците се воздржуваа од јадење, пиење, телесни задоволства, како и од грешни мисли и постапки од утро до зајдисонце.

Рамазан се смета за најважен и најпросветлен месец за муслиманските верници.

На почеток