Стојкоски: Многу сум далеку од „шеф на урбаната мафија“
Многу сум далеку од „шеф на урбаната мафија“ одговара градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски во Поткастот „Претрес со Ландов“ за обвинувањата на опозициските советници од СДСМ.
„Ова ми е малку смешно. Тие се стандардни флоскули кога станува збор за градоначалник. Еве „шеф на урбаната мафија“, „зградоначалник“, „крадоначалник“ , не знам што имаше друго, ќе сум го угушел Ѓроче, ќе сум го оставел Карпош без вода, ќе ни ја затворале канализацијата.. Живееме во едно време на наплив од информации-дезинформации и за жал мислам дека се погласни луѓето кои што пренесуваат дезинформации“ – рече градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски во Поткастот „Претрес со Ландов“.
Стојкоски одговара на прашања за бетонизација,обвинувањата за хемиски фабрики, уривањето на објекти кое го започна, проектите кои ги вети..
И најважно: Прашања поставувате и вие преку коментари на јутуб каналот „prvatvmk“ каде нѐ следите во живо од 21 часот.