Стојкоски: СДСМ и Левица сакаат да предизвикаат меѓуетнички тензии во Ѓорче Петров
Левица се вози од бранот на СДСМ, одговара градоначалникот Александар Стојкоски, во Поткастот „Претрес со Ландов“, на обвинувањата од опозициските советници дека во Општина Ѓорче Петров, по изгласувањето на ДУП СЗ 16, ќе се пристапи кон косоваризација.
„Наша Ѓорче“ е група на СДСМ, а потоа истото го сподели и Левица. Левица се вози од бранот на СДСМ, рече градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски.
Стојкоски тврди дека во тој ДУП не може да се гради.
„Таму нема никакви локациски услови, во моментов, за градба. Затоа што не може ниту да се дојде до момент на давање на градежна дозвола. Зошто го велам тоа? Тие парцели не се сите приватна сопственост. За да добиете дозвола за градба, прво треба да ви биде средено земјиштето. А во секоја градежна парцела, скоро без исклучок се јавува земјиште на Република Македонија“ објаснува Стојкоски.
Општина Ѓорче Петров е „држава во град“ тврди првиот човек Стојкоски, и ништо не може да се скрие.
Стојкоски одговара на прашања за бетонизација,обвинувањата за хемиски фабрики, уривањето на објекти кое го започна, проектите кои ги вети..
И најважно: Прашања поставувате и вие преку коментари на јутуб каналот „prvatvmk“ каде нѐ следите во живо од 21 часот.