Прогласен режим на антитерористичка операција во Русија: Членови на ФСБ уапсија вооружени лица
Во градот Налчик, административен центар на руската севернокавкаска област Кабардино-Балкарија и во одредени области на неговата област Черек, утринава беше прогласен режим на антитерористичка операција за да се обезбеди безбедноста на граѓаните во областа каде се откриени вооружени лица учесници во терористички активности, соопшти Националниот антитерористички комитет.
Во соопштението се наведува дека вооружени лица ги блокирале силите на руската Федерална служба за безбедност во предградието на Налчик кога отвориле оган врз безбедносните сили кои побарале од нив да се предадат и да го положат оружјето, пренесе РИА Новости.
Во соопштението се наведува дека според одлуката на Федералната служба за безбедност од 05:12 часот по локално време, денеска во овој дел од територијата на Република Кабардино-Балкарија се воведува правен режим на антитерористичката операција.
Се прецизира дека поради спроведување на антитерористичката операција, до понатамошно известување, на наведената територија ќе бидат во сила „низа посебни мерки и привремени ограничувања“.