Свет

Трамп: Не би било соодветно да ја посетам Украина сега кога не сум на функција

Трамп: Нема да бидам диктатор ако се вратам на власт

По поканата упатена до Доналд Трамп од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека сега, кога тој не е на функцијата, не би било соодветно да ја посети Украина.

Во интервју за медиумската куќа Аксел Спрингер, Зеленски го покани Трамп во вторник да ја посети Украина, наведувајќи дека тоа ќе биде можност да се слушнат идеите на поранешниот американски претседател за можниот начин да се стави крај на војната со Русија, пренесува Ројтерс.

Кампањата на Трамп денеска потврди дека немало формален контакт меѓу Зеленски и поранешниот американски претседател.

„Немаше никаков контакт со Зеленски, но претседателот Трамп јавно кажа дека не би било соодветно тој да ја посети Украина сега кога тој не е врховен командант на американската војска“, се вели во е-пошта од кампањата на Трамп.

Кандидатите за претседател на САД често патуваат во странство за да ја постават сцената за нивната надворешна политика.
.

На почеток