Свет

Откриени целите на масовниот руски напад врз Украина: Путин сака целосен мрак

Русија изврши масовен напад со беспилотни летала врз Украина

Украинската компанија за нафта и гас „Нафтогас“ денеска соопшти дека во текот на ноќта цел на руски воздушни напади врз енергетската инфраструктура на земјата биле и два подземни складишта за гас.

„Рано утринава непријателот нападна два украински подземни складишта за гас. Тие капацитети сè уште продолжуваат да работат“, соопшти „Нафтогас“ на апликацијата „Телеграм“, пренесува „Ројтерс“.

Во областа Запорожје е оштетен енергетски инфраструктурен објект, јавуваат украинските медиуми.

Во текот на утрото Русија изврши напад врз енергетската инфраструктура во регионите Харков, Запорожје, Лавов и Киев, соопшти украинскиот министер за енергетика Херман Халушенко.

Како резултат на тоа, повеќе од 200.000 корисници останаа без струја во регионот на Харков.

На почеток