Голема снежна лавина во Австрија: Затрупани луѓе, има и мртви
Голема снежна лавина затрупа неколку луѓе во планинското село Вент во Тирол, едно лице е мртво.
Спасувачите од снегот извлекле пет затрупани лица, но едно од спасените лица е во животна опасност. Потврдено е и дека едно лице починало, пишува Кронен Цајтунг.
Според првите информации, лавината започнала околу 11 часот во реонот на општина Вент. На околу половина оддалеченост, дел од лавината се одвои и затрупа неколку луѓе. Во акцијата за спасување учествуваа спасувачки екипи, кучиња трагачи и неколку хеликоптери. Според Кронен Цајтунг, лавина затрупала холандска група туристи. Австриските медиуми јавуваат дека болниците во близина се во состојба на готовност.