Нигер ги прекина врските со Французите, наместо нив пристигнаа руски воени инструктори и авион полн со опрема
Руски воени инструктори пристигнаа во Нигер во средата со авион со воена опрема, објави нигерската државна телевизија RTN, повикувајќи се на договорот меѓу хунтата и рускиот претседател Владимир Путин за зајакнување на соработката.
РТН емитуваше снимка од воен товарен авион како истоварува опрема додека луѓето во униформи стојат на страна.
„Тука сме да ја обучиме армијата на Нигер и да развиеме воена соработка меѓу Русија и Нигер“, рече маж во маскирна униформа, за кого RTN тврди дека е еден од инструкторите.
РТН наведува и дека Русија се согласила да инсталира противвоздушна единица во Нигер.
Односите на оваа западноафриканска земја со Русија се во центарот на вниманието откако хунтата ја презеде власта со државен удар минатата година и ги прекина долгогодишните воени и дипломатски врски со Франција, пишува хрватски Индекс.
Тоа ги поттикна шпекулациите дека ќе ги продлабочи безбедносните врски со Русија како соседните Мали и Буркина Фасо.