Свет

Полицијата влегла во селото Шумраковац на само 13 километри од Злот: Се трага по телото на Данка Илиќ

Телото на Данка Илиќ (2) се уште не е пронајдено.

Осомничените за кривичното дело се во притвор за тешко убиство на дете.

Таа беше убиена на 26 март, а делото беше откриено на 4 април годинава, кога беа уапсени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, работници на ЈКП „Водовод“ од Бор.

Во обвинителството само Дејан ја изнесе својата одбрана и објасни како се случило се. Сепак, тој одби да каже каде е телото.

Од тој ден полицијата деноноќно ги пребарува селата кај Бор.

Како што јавува Телеграф.рс, полицијата рано утринава дошла во Шумраковац. Тоа е прво село до Злот, од каде што е осомничениот Дејан Драгијевиќ.

,,Имаше патрола. Во страв сме откако слушнавме што се случи во Бањско Поље. Кутро дете, а тешко за родителите, кои сега не знаат каде е телото на нивната ќерка”, вели еден од жителите на Шумраковац.

Според надлежните од МУП, потрагата по детето нема да престане додека не го најдат.

На почеток