Свет

Блинкен побарал од Кина, Турција и Саудиска Арабија да го одвратат Иран да го нападне Израел

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен телефонски разговарал со министрите за надворешни работи на Кина, Турција и Саудиска Арабија и побарал од нив да го искористат своето влијание врз Иран за да го одвратат официјален Техеран од потенцијален напад врз Израел.

„Секретарот Блинкен имаше низа повици до странски колеги, вклучително и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Фајсал бин Фархан, на кои јасно им стави до знаење дека ескалацијата не е во ничиј интерес и дека земјите ги треба да го одвратиме Иран од ескалација“, рече Милер на брифингот со новинарите.

Тој додаде дека американските претставници претходните денови разговарале со европските партнери и ги повикале да испратат јасна порака до Иран дека „ескалацијата не е во интерес на Иран, регионот и светот“.

Блумберг објави претходно оваа недела, цитирајќи неименувани извори, дека САД и нивните сојузници веруваат дека иранскиот напад врз Израел е неизбежен.

Потенцијален напад, со употреба на ракети со висока прецизност, наводно би можел да се случи во наредните денови, велат изворите на Блумберг, додавајќи дека прашање е само кога Иран директно или индиректно ќе го нападне Израел, а не дали ќе го нападне.

Веста за тоа подоцна ја објави Ројтерс.

Односите меѓу Израел и Иран станаа позатегнати по избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година, по што јеменските Хути и либанскиот Хезболах, сојузниците на Иран, почнаа да вршат воздушни напади на израелска територија.

To Top