Нови детали за нападот во трговскиот центар во Сиднеј: Сомневање дека мајка и бебе се меѓу жртвите, полицијата застрела маж
Во нападот што се случи денеска во голем трговски центар во Сиднеј има жртви, а се сомнева дека меѓу нив има и мајка и бебе.
Австралискиот портал News.com.au објави дека во нападот загинале четири лица, но оваа информација се уште не е официјално потврдена.
Исто така, истиот извор повикувајќи се на зборовите на сведоците од местото на настанот наведува дека меѓу жртвите има мајка и бебе.
Еден сведок изјави за News.com.su дека видел тела на двајца млади пред продавницата JD Sports на четвртиот кат.
Информацијата за четворицата загинати ја објави „Сиднеј морнинг хералд“ повикувајќи се на неименувани извори во австралиската полиција.
„Уште многу се во критична состојба, изјавил полициски извор кој не бил овластен да зборува јавно, пишува весникот.