Македонија

Ангажиран и хеликоптер за гаснење на пожарот во Мавровско

Регионалниот ЦУК Тетово известува дека пожарот во Национал Парк ,,Маврово” е се уште активен.

Во текот на денот во гаснењето на пожарот интервенираат 5 лица вработени во Национален арк. За настанатата состојба известен е градночалникот на Општина Маврово-Ростуше и истиот известил дека поради непристапноста на теренот и лицата кои интервенираат во гаснењето на пожарот не можат да се справат со истиот, па поради тоа од негова страна беше побарано до директорот на ЦУК, Ангелов, ангажирање воздухоплови за гаснење на пожарот.

Хеликоптерот на МВР веќе дејствува, при што полни вода од Мавровско Езеро.

На почеток