Македонија

Ковачевски: Изборот за граѓаните е помеѓу надеж за европска иднина или безнадежност и враќање во изолација

Најголемиот дел од граѓаните сакаат да ја видат Северна Македонија како дел од ЕУ, затоа сега изборот пред нив е помеѓу тоа кој има план за иднината, а кој нема ников план, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачавески, на денешната заедничка прес-конференција со европратеникот од редовите на Социјалдемократската партија на Австрија, Андреас Шидер.

„Не постојат брзи решенија за системски проблеми. Европскиот пат и крајно членството во ЕУ е единствениот начин како да се обезбедат суштински промени во македонското општество. Најголемиот дел од граѓаните сакаат да ја видат Северна Македонија како дел од ЕУ. И затоа денес пред нив е изборот помеѓу тоа кој има план за иднината, а кој нема никаков план? Кој е за членство во ЕУ, а кој е против ЕУ? Кој е за надеж за подобра европска иднина или за безнадежност и враќање назад во изолација“, рече Ковачевски.

На прес-конференцијата, Ковачевски рече дека СДСМ и Коалицијата, имаат јасна визија, силна волја, знаење, храброст и конкретен план, за обезбедување на европска иднина за граѓаните, за уште поголеми плати и пензии, повеќе инвестиции, повеќе и подобри работни места, развиена економија по европски стандарди.

„И тоа ќе го потврдиме со формирањето на новата проевропска Влада по двојната победа на 8 мај на СДСМ и Коалицијата за европска иднина и нашиот претседател Стево Пенадровски“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

На почеток