„Делови од ракета ни падна на куќа, веднаш ја однесовме во болница“: Татко на 7-годишно девојче кое беше тешко рането за време на иранскиот напад врз Израел


Мохамад, татко на 7-годишно девојче кое беше тешко рането кога Иран пресретна проектил истрелан врз Израел минатата ноќ, изјави дека врз нивната куќа паднале остатоци од ракетата.
„Падна врз нашата куќа околу два часот по полноќ. Таа спиеше во куќата и веднаш ја однесовме во болницата Сорока во Бершеба“, рече тој.
Седумгодишно девојче е рането од шрапнел (делови по експлодирањето на артилериска граната) откако била пресретната балистичка ракета. Девојчето живее во бедуински град во близина на Арад.
Според последните информации таа е тешко повредена.
За потсетување, Иран синоќа лансираше стотици беспилотни летала и проектили кон Израел, а Техеран објави дека нападот е извршен како одмазда за нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск во кој беа убиени високи офицери на Иранската револуционерна гарда.
