Македонија

(ВИДЕО) Креативни средношколци – „Од литиумска батерија до антидепресив”

Проектот на тема „Од литиумска батерија до антидепресив” е изработен со учениците Ана Филипче и Филип Николовски кои во текот на редовната настава постигнуваат надпросечни резултати и кои покажуваат поголем интерес за проширување на стекнатите знаења. Со тоа кај учениците се развиваат креативни способности за примена на знаењата во секојдневниот живот.

Учениците го изработуваа проектот под менторство на проф. Билјана Стевоска и во соработка со ЈНУ „Хидробиолошки завод”-Охрид.

Инспирирани од желбата за истражување и експериментирање како и популаризирање на хемијата како интересна и иновативна наука која зазема клучно место во многу аспекти на животот и нејзината примената во медицината, учениците како идни студенти на Медицинскиот факултет го изработија експериментот

„Од литиумска батерија до антидепресив” . Креативноста во овој експеримент е тоа што преку издвојување на литиумот од литиумска батерија и низа други хемиски процеси , учениците добија литиум карбонат кој претставува активна супстанца на антидепресивите. Придобивката би била рециклирање на литиумските батерии со што ќе се заштити животната средина и натамошна употреба на литиумот во медицински цели. Учениците проектот го презентираа пред професорите и своите соученици и на настанот„ Ноември – месец на науката” во Скопје.

Овој проект беше реализиран во хемиските лаборатории на ЈНУ „Хидробиолошки завод” и ОСУ „Св.Климент Охридски”. Голема благодарност до раководниот тим и вработрните во ЈНУ „Хидробиолошки завод”– Охрид.

На почеток