Македонија

Ахмети на последното прашање одговори на македонски јазик

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со премиерот Зоран Заев на сите поставени прашања одговараше на албански јазик, а Бујар Османи преведуваше.

На последното прашање во врска со потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, тој одговори на македонски.

„Јас имав средба со претседателот на СДСМ, а не со потпретседателот“, изјави Ахмети и си замина.

На почеток