Македонија

Ванковска: Ноќта ми беше непроспиена поради опасната воена ескалација; Апасиев: ДУИ е за Израелците, Левица за Палестинците

Кандидатката за претседател, Билјана Ванковска, објави дека имала непроспиена ноќ, поради нападот Иран кон Израел. Таа смета дека Израел е фашистичка глава, а го споменува и американскиот претседател Џо Бајден.

„Не знам како ја минале ноќта моите противкандидати, потенцијални врховни команданти, ама мојата беше непроспиена поради опасната воена ескалација на Блискиот Исток. Уште еден чекор напред кон глобална војна. Геноцидот врз Палестинците продолжува, а едвај некој и да го спомнува 💔 Израел е фашистичка држава која сега сака целиот регион да го повлече во војна од пошироки размери. Но изгледа дека се преигра – соседните држави дигаат глава, а САД ги вооружува но калкулира. Ги чекаат избори. Бајден сака да победи пак со воени “херојства” и божемно миротворење. Ќе речете, гледај си ја Македонија! Е да! Ама Македонија е во соседството на темпирана бомба. Кога богатите војуваат, сиромашните ја плаќаат цената (Жан Пол Сартр)“, пишува Ванковска.

Се огласи и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

„Не бе, друже. Има разлика. Се’ до ноќеска, ИРАН немаше нападнато друга држава 240 години. ИЗРАЕЛ напаѓа соседни држави веќе 70 години. p.s. ДУИ е за Израелците, Левица за Палестинците“, напиша Апасиев.

На почеток