Македонија

„Клан“ тврди дека Грујевски (обвинет за прислушувањето) е уапсен во Хрватска, домашните институции немаат таква информација

Во Хрватска бил уапсен Горан Грујевски, ексначалник на Петтата управа кој избега во Грција, објави „Клан“. Информацијата е сепак непотврдена, а домашните институции вакво известување до моментот на објавување на оваа вест немаат добиено. Наводно, апсењето на Грујевски, според Клан, се склучило вчера во Загреб.

Повеќе од пет години, Грујевски е бегалец за македонските институции. Познато е дека тој избега во Грција, од каде не беше екстрадиран, туку доби и работа на грчки остров.

Грујевски и Бошкоски се главните обвинети во главниот судски процес на Обвинителството, „Тврдина-Таргет“, за масовното незаконско прислушување. Грујевски уште е обвинет и во предметот „Тврдина 2“ за незаконско палење на списи и документи на УБК, докази за масовно прислушување на граѓани, но и во предметот „Трезор“, заедно со Сашо Мијалков и Небојша Стајковиќ, за незаконска набавка на опрема за прислушување од Велика Британија.

To Top