Свет

Најголемите поплави во последните 80 години: Над 100.000 луѓе се евакуирани во Казахстан

Во Казахстан поради поплави се евакуирани 107.119 лица, од кои над 38.000 се деца, соопшти денеска Министерството за вонредни ситуации.

Поплавени се повеќе од 4.870 куќи, пренесува Казинформ. Обилни врнежи се најавени за денеска во Казахстан, особено на југот и југоистокот од земјата.

Нивото на реката Тобол, која тече и низ Русија, која е исто така погодена од големи поплави, во последните четири часа порасна за 23 сантиметри, пренесува Ројтерс.

Инаку, оваа река е замрзната од ноември до април, а на пролет достигнува висок водостој, кој годинава се промени поради невообичаено наглото топење на мразот и снегот.

Казахстанските власти објавија дека сегашните поплави се најлошите во последните 80 години.

На почеток