Свет

Заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ и сопругa на Радослав Драгијевиќ, кој е осомничен дека помагал да се сокрие телото на девојчето, го искористи законското право да не сведочи во обвинителството.

Таа го има тоа право како најблиска роднина на осомничените.

„Сведокот Светлана Драгијевиќ е привилегиран сведок во однос на Радослав Драгијевиќ, кој е нејзин сопруг. Таа го искористи своето право да не сведочи“, изјави адвокатот Небојша Живановиќ.

Како што се дозна на лице место денеска ќе бидат сослушани уште двајца сведоци, додека утре во обвинителството се повикани уште неколку.

Тројца членови на семејството Драгијевиќ беа уапсени за убиство на двегодишно девојче, но помладиот син на Светлана, Далибор почина во притвор од срцев удар неполни 48 часа по апсењето.

Да потсетиме, Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50), осомничени за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ од Бор, по чие тело 12 дена континуирано се трага и како телеграф.рс неофицијално дознава, наскоро треба да биде испратен на психијатриско вештачење.

Јанковиќ и Драгијевиќ, работници на Борскиот ЈКП „Водовод“, на 26 март биле на работна задача, кога во Бањско Поље исчезнало двегодишно девојче Данка.

На почеток