Израел бара дополнителни санкции против Иран


Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац изјави денеска дека апелирал до одредени земји да воведат санкции за ракетната програма на Иран и да ја прогласат Иранската револуционерна гарда за терористичка организација, по директниот ирански напад врз Израел минатиот викенд.
„Покрај воениот одговор на истрелувањето проектили и беспилотни летала, јас водам дипломатски напад врз Иран“, рече Кац на социјалните мрежи.
Кац рече дека испратил писма на адреси на 32 земји и разговарал со бројни колеги, барајќи од нив „да воведат санкции за ракетната програма на Иран и да ја прогласат Револуционерната гарда за терористичка организација со цел да се запре и ослабне Иран“, објави Ројтерс.
„Мораме да го запреме Иран сега, пред да биде предоцна“, рече Кац.
Израел соопшти дека ќе одговори на иранскиот напад со проектили и беспилотни летала во текот на викендот, поради повиците на сојузниците да се избегне ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.
