(Видео) Една од најпознатите згради во Копенхаген е во пламен
Во една од најпознатите згради на данската престолнина, избувна пожар и нејзината кула се сруши на покривот. Нема извештаи за повредени.
Снимките во живо од локалните медиуми покажаа дека луѓето носат големи слики надвор од зградата за да ги спасат од пламенот.
Историската зграда, чија кула имаше облик на испреплетени опашки на четири змејови, беше во реновирање кога избувна пожарот.
Во зградата, изградена во холандски ренесансен стил, служи како седиште на данската стопанска комора, пишува Гардијан.
,,Не пречека страшна глетка. Берзата гори“, пишуваше на профилот на ДГК на социјалната мрежа Икс.
Полицијата во Копенхаген побара од луѓето да избегнуваат возење низ оваа зграда.
BREAKING:
Denmark is having its “Notre Dame moment”
The historical Børsen Stock Exchange building in Copenhagen is on fire.
It was built in 1625 and is one of the city’s most beautiful buildings with its elegant spire
Yesterday was the 5th anniversary of the Notre Dame fire pic.twitter.com/8j6bPsHvaD
— Visegrád 24 (@visegrad24) April 16, 2024