Македонија

Јакнење на соработката меѓу Јавното обвинителство и Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со истражители од Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, предводени од претседателот на ова тело Зоран Илиевски.

На средбата беа разгледани можностите за соработка и идна координација меѓу двете институции во постапувањето по несреќите и сериозните инциденти кои можат да ја загрозат безбедноста на воздушниот сообраќај.

Во таа насока беше договорено да отпочне постапката за усогласување и потпишување на меморандум меѓу Јавното обвинителство и Комитетот со кој ваквата соработка и начинот на постапување во иднина дополнително ќе се унапредат.

На почеток