Скопје

Арсовска за министерката за култура: Жената се уби од лажење, ако знаела за пожарот во Универзална зошто не пријави пред 9 часот?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, една недела по пожарот во Универзална сака, на прес конференција рече дека Град Скиоје воопшто не бил информиран за отпочнување на градежните активности во Универзалната сала, пред да се случи пожарот.

Арсовска ја праша министерката за култура ако дознала за пожарот пред 9 часот, зошто истиот не го пријавила?

,,Зошто ако работниците и инженерката на фирмата се обидувале да го гаснат пожарот и откако не го локализирале, не пријавиле и не побарале помош од Противпожарната бригада на Град Скопје, каде многу подоцна е пријавен пожарот од страна на случаен минувач? На што се должи изјавата на Лазар Арсовски, сопственик на фирмата изведувач дека причината за пожарот е стар кабел или инсталација? Каде поточно е започнат пожарот? Врз основа на кој проект е продолжено да се реконструктуира Универзалната сала”, праша Арсовска.

Се пожали дека против неа се создала голема хајка во изминатите години, со изјави дека „не поседувала способност за да ја продолжи реализацијата на Универзалната сала.

,,По две години и увидување на неможноста да се реализира оваа реконструкција, гледате дека мистериозно има пожар на Универзалната сала, во моментот кога е веќе отпочната на терен од страна на Министерството за култура. Бев напаѓана дека не дозволувам продолжување на проектот на реконструкција кога на секој наш граѓанин му е јасно дека градоначалникот нема ингеренции, ниту надлежности да пренесе право на реконструкција или било каква одлука со сопственост на имотот на Град Скопје, без соодветна одлука на Советот. Имаше многу невистини од жената која се уби од лажење во изминатите месеци”, рече Арсовска.

Градоначалничката приложи документ, според кој, како што рече, не може повеќе да се работи и гради на проектот за Универзалната сала. Според неа, фирмата изведувач работела спротивно на основниот проект.

-Има три столбови кои понатаму ИЗИС детектира дека по тој проект на може да се работи. Позитивното мислење на сеизмичната заштита по овој проект е поништено, а проектантот Бујар Муча доставува некакво техничко решение каде што има четири столбови кои во тој момент си ги има доградувано самиот изведувач на терен, посочи градоначалничката.

На почеток