Скопје

Маж од скопско кој треба да е во Идризово тргнал да ја запали куќата: ги земал децата и заминал

На 15.04.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје, 27 – годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Б.(29), кој моментално издржувал затворска казна во Казнено – поправна установа Затвор Идризово.

Според пријавеното, тој со запалива течност и запалил дел од облеката, по што ги земал децата и заминал од домот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток