Министерот за здравство ги обвини специјализантите за политичка мотивираност, а на Онкологија нема лекари и со часови се чека терапија
Денеска 400 приватни специјализанти ангажирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ не дојдоа на работните места во клиниките. Ревилторани се од нивниот нерешен статус и од изјавата на министерот за здравство Демири кој го поврза протестот со политиката.
,, Ако бевме политички мотивирани до сега ќе бевме вработени, како што се случува деновиве на повеќе клиники каде без задршка во предизборие се примаат секакви кадри, а дури и се назначуваат нови економски директори со кои министерот се фотографира на Фејсбук”, велат специјализантите.
,,Срамно е еден доктор да нема здравствено осигурување. Мислам дека нема ниедна политичка партија што треба да не мотивира за ние да си ги бараме основните човекови права кои ни се загарантирани со Устав.Јас лично немам ниедна книшка од политичка партија. Единствената книшка што ја имам дома е крводарителската на која што пишува „нулта позитив“. Штрајкот ќе го продолжиме додека не помине седницата на Влада и додека Министерството за здравство не излезе со официјално известување што е одлучено на таа седница, а после тоа ќе разговараме со колегите и ќе одлучиме што ќе правиме понатаму”, вели Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант.
Граѓани така ја изразија својата поддршка за соецијализантите, се жалат дека на Онкологија нема доволно доктори, глетката е страшна, полни чекални каде со часови се чека да се прими хемотерапија.
,, На Онкологија е ужас, луѓето чекаат со часови за да дојдат до хемотерапија, а некои влегуваат преку ред. Дајте нека ги вработат овие луѓе, зошто да стојат тука, зошто да бидат невработени, да не им тече стаж како на сите нормални луѓе? Дајте да се направи барем нешто за овие млади луѓе да ни останат тука. Како да останат? Како и народов да остане тука кога ќе нема доктори, ќе нема ништо? Малку доктори има на Онкологија, но треба нови да се примат. До каде отидовме? Многу е жално ова што се случува во нашата држава. Два милиони народ не можеме да се организираме. Срамота е, 21 век е, светот до вештачка интелигенција дојде, возбуденаби револтирана вели ќерка на онколошка пациентка.