Македонија

До полноќ трае пријавувањето на болните и изнемоштените за гласање на претседателските избори

Календарот на ДИК пропишал дека болните и изнемоштените лица до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори, чиј прв круг ќе се одржи на 24 април.

,,Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице) а сака да гласа за тоа ќе ја извести ОИК најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање, а тоа е 16 април, до 24:00 часот, стои во роковникот на Државната изборна комисија.

Според Изборниот законик овие лица гласаат во нивните домови еден ден пред денот определен за одржување на изборите. Кај нив дома доаѓаат членовите на Избирачкиот одбор од избирачкото место каде припаѓаат овие лица.

На почеток