Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Мицкоски: 13 ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

— реклама —

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот, е киднапиран и одземен од контролата на народот. Тој сега служи на стотина души од ДУИ кои управуваат со државата и на нивните слуги од СДСМ, кажа претседателот Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Гевгелија.

— реклама —

— реклама —

Тој напомена дека секоја една услуга која граѓаните треба да ја добијат како системска, од институциите е проследена со мито, кое е широко распространето.

Погледнете, нема тендер кој не е сомнителен. Се договораат во 4 очи, а парите завршуваат во десетина фирми за кои ако се прочепка сопственичката структура ќе видите дека тие се блиски луѓе на власта, кажа претседателот и додаде: СДСМ му ја поклони државата на Али Ахмети, Артан Груби и Талат Џафери. Тоа е поради тоа што власта СДСМ ја купува на дневно ниво. Нивната слабост ја покриваат со милион услуги кои им ги вршат на ДУИ и станаа заеднички соучесници во разграбувањето на државата.

Претседателот истакна и дека Пендаровски се постави како втор кандидат на ДУИ, и дека за целиот свој мандат тој не смогна сили да се спротивстави на ниту еден нивен криминал.

Денес еве навршува 13тиот ден од политичката кампања како Стево Пендаровски нема кажано ниту збор за ДУИ. Ниту една критика, што значи тој прифаќа и одобрува се што ДУИ, Артан, Ахмети направија со Македонија. Тој одобрува, молчи и прифаќа за продажбата на Соравиа, пљачката на државата, неодговорноста за модуларната болница, купувањето на деловни простории по багателни цени и илјадници други скандали кои сега стануваат и товар на Пендаровски и негов срам, кажа претседателот.

Тој порача дека на овие избори се и за тоа да си ја вратиме државата во рацете на народот. Промените се во раце на народот, за да Македонија биде повторно на народот. Македонија мора да ја направиме горда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9affsvn4b1192w1ZDYG

Петрушевски: ПР-от на Заев, ги насочи СДС и Филипче да се фокусираат на избори во друга држава, наместо да прават реформи во партијата

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library0cbv34ooa65r0MRC9e5

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче, наместо да го анализираат сопствениот дебакл од околу 130 илјади гласа, ликуваат и се радуваат на изборни резултати во други држави

Македонија | пред 1 ден

media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

Напад од ВМРО-ДПМНЕ: Приоритет на Филипче нека биде СДС, не избори во странство

Македонија | пред 3 дена

media-librarygjafqmbccimrceH1xBO

Обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ: Се бара одговор за наводен процент од станови

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања