Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче, наместо да го анализираат сопствениот дебакл од околу 130 илјади гласа, ликуваат и се радуваат на изборни резултати во други држави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library0cbv34ooa65r0MRC9e5

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДС под водство на Венко Филипче, кој му ја чува фотелјата на Заев, се однесува како да е партија во некоја друга држава, а не во Македонија, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС и Филипче критикуваат влади и високи државни претставници на други држави како да се дел од политичкиот живот на тие држави.

Филипче и СДС отидоа до таму, повеќе да ги следат, анализираат и да ликуваат на избори и изборни резултати во туѓи држави, отколку во сопствената. Изборите во Македонија за СДС и Венко Филипче како да не постоеле и како на нив да не доживеале историски дебакл.

Наместо да се занимаваат со внатрепартиска анализа како партијата ја доведоа до околу 130 илјади гласа, Филипче и ова раководство, се радуваат на победата на партијата Тиса во Унгарија, која е член на Европската народна партија, односно ЕПП каде што е членува и ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

За да биде апсурдот уште поголем, сестринската партија на СДС и член на Партијата на Европски Социјалисти освои само 1,18% од гласовите, што е нешто слично со рејтингот кој партијата го има во Македонија и е многу близок до рејтингот на Филипче.

— реклама —

Некогаш релевантна и кредибилна партија СДС, Филипче заедно со неговиот ментор Заев, ја доведоа во ситуација со секој изминат ден се повеќе да тоне во жива кал од која не знаат како да се извлечат.

Па така, изгубени во просторот, без никаква воздржаност, СДС и Филипче го слават историскиот пораз на нивната сестринска партија.

— реклама —

Ова е уште една потврда дека СДС и Филипче прават се, само не си го гледаат сопствениот двор. Наместо да се дистанцираат од аболираниот криминалец Зоран Заев, кој ги доведоа до ова ниво, тие, не само што го величаат, туку продолжуваат по неговите стапки.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на билатералната соработка со пријателска Унгарија и очекува таа соработка на државно ниво да продолжи да се развива и продлабочува, и воедно му ја честита изборната победа на партијата Тиса и господинот Петер Маѓар“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

ВМРО-ДПМНЕ: Околу 400 анализи за неисправна вода во време на СДС, Министерството за здравство знаело но Филипче како министер молчел, ја прекршил и Хипократовата заклетва

Македонија | пред 1 ден

media-librarylrv45hih648s97WYHag

„Ребалансот на Буџетот за 2026 обезбедува рекордни инвестиции во општините и инфраструктурата“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-librarygu3c1mg4ho8cb6Ufwop

„Ребалансот на Буџетот за 2026 е развоен и носи повеќе инвестиции и проекти додека капиталните инвестиции растат за 14,5 проценти“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryu96bdehsife84a2EmxC

Љутков: СДС може да оспорува, но Скопје 2014 денес е најпосетувана туристичка атракција

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања