(Видео) Граѓанин не сака да прими казна оти е напишана на македонски јазик, се расправа снимајќи полицајци
Полицајци кои се обидуваат да казнат граѓанин поради сторен прекршол биле снимани, а потоа и објавени на социјалните мрежи. Од видеото се гледа како граѓанинот кој зборува албански, не сака да ја прими казната оти истата не е напишана на албански јазик. Засега не е познато каде е снимено видеото, а е објавено на „Тикток“.
Во еден момент има и реакција од полицајците да престане на снима, но тој продолжува, па освен што се расправа, тој прави и виде запис.
„Тргни го телефонот, повели“, рече полицаецот, а тој зборува на албански јазик.
„Ти си македонски граѓанин, треба да знаеш македонски, да си странски државјанин – да“, додава полицаецот.
Потоа, лицето му одговара на полицаецот на албански јазик, што укажува дека знаел македонски бидејќи ја разбра забелешката.
„Јас сум Албанец… (н.з.)“, вели казнетиот.
Детали за случајот побаравме од МВР од каде очекуваме одговори.
<blockquote class=”tiktok-embed” cite=”https://www.tiktok.com/@zullumibdi/video/7358235143619759366″ data-video-id=”7358235143619759366″ style=”max-width: 605px;min-width: 325px;” > <section> <a target=”_blank” title=”@zullumibdi” href=”https://www.tiktok.com/@zullumibdi?refer=embed”>@zullumibdi</a> <p>Policia e Maqedonisë e përdhos gjuhën shqipe! Ja gënjeshtrat e BDIsë për zyrtarizimin e gjuhës shqipe</p> <a target=”_blank” title=”♬ original sound – Zullumi pajkën” href=”https://www.tiktok.com/music/original-sound-7358235154808900358?refer=embed”>♬ original sound – Zullumi pajkën</a> </section> </blockquote> <script async src=”https://www.tiktok.com/embed.js”></script>