Уапсено младо момче од гостиварско: крадело добиток!
Од
Објавено на
На 16.04.2024 во 09.15 часот во гостиварски Добридол, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.М.(19) од истото село.
„Тој се сомничи дека во период од 12.04. до 16.04.2024 од штала сопственост на А.И.(36) од селото одзел неколку грла добиток.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, вели МВР.