Во Босна и Херцеговина е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![Приведен германски државјанин баран со меѓународна потерница за недозволена трговија со дрога](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2023/11/Приведен-германски-државјанин-баран-со-меѓународна-потерница-за-недозволена-трговија.jpg)
Во автобус на граничниот премин Брод, полицијата на Босна и Херцеговина идентификувала петгодишно девојче од Германија, жртва на меѓународна трговија со луѓе, соопшти Обвинителството на БиХ.
„Обвинителот од Одделот за шверц и трговија со луѓе на Обвинителството на БиХ ги координираше активностите во соработка со Службата за работи со странци на БиХ и Граничната полиција на БиХ, кои при контрола на стоки и патници на редовните автобуски линии на граничниот премин Брод, откриена и идентификувана жртва на меѓународна трговија со луѓе“, соопштија оттаму.
Девојчето патувало на редовна автобуска линија во придружба на странски државјанин. По наредба на обвинител е приведен во Службата за странци на Босна и Херцеговина, а таа е сместена во безбедна куќа.
„Споменатото девојче се наоѓа во базата на лица по кои трагаат меѓународните институции, а обвинителот е во постојана комуникација со надлежното обвинителство и полицијата во Визбаден, Германија. Се преземаат активности за враќање на детето кај нејзината мајка“, велат од Обвинителство.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)