Македонија

Поднесена е тужбата против градоначалничката Арсовска, вели Костадиновска-Стојчевска

„Кога имате работа со неразбран човек, кој не одговара на јавни повици, кој одговара на меилови, на барања селективно, тогаш останува јавноста да ја знае вистината. Мене ми е криво ако некој смета дека сето тоа треба да остане скриено и дека не треба да се знае, меѓутоа, две години Универзална сала беше скоро затворена, затоа што градоначалничката на два пати ја запре реконструкцијата и еднаш плати една казна, околу 20 милиони денари, односно пари на граѓаните и граѓаните имаат право тоа да го знаат“ тврди министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во Поткастот „Претрес со Ландов“.

Таа вели дека ја поднела тужбата против Арсовска, која, како што тврди, кажала неточни информации дека министерката знаела за пожарот во Универзална Сала но, не го пријавила веднаш.

„Мојата тужба кон нејзе е граѓански спор“ одговара министерката на прашањето зошто не поднела кривична пријава за штетата на буџет која била направена од градоначалничката Арсовска.

„Тогаш треба да поднесеме за многу работи тужби, не само за градоначалничката туку и за многу други оштетувања на буџетите. Она што се однесува на мене, повреда лична кон мене поради што поведов граѓански спор против неа, тоа е моја обврска. За оштетување на буџетот, има кој да ја поднесе таа тужба и тој се надевам тој што е обесправен ќе си поднесе“ вели Костадиновска-Стојчевска.

Следете на јутуб каналот ‘prvatvmk’.

Поставувајте ПРАШАЊА ВО ЖИВО на јутуб каналот:

 

 

 

 

 

 

На почеток