Скопје

Ограбена менувачница во Чаир, тепачки во Ѓорче и Кисела Вода, напад во нотарска канцеларија – куп крими случувања во Скопје

На 17.04.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, С.С.(39) физички ги нападнал Е.Р.(59) и С.Р (33), сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.04.2024 во 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.С.(47) и Ж.С.(27), од една страна и А.М.(23) и Ф.А.(24) од друга страна, сите од Скопје, при што бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.04.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје, И.И.(43) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека на 11.04.2024 околу 17.00 часот во с.Кадино, по претходна расправија, бил физички нападнат од Д.Ѓ.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.04.2024 во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Хаџи Јован Шишков“ во населба Шуто Оризари во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на С.Ќ.(53) од Скопје. Од  пожарот делумно била зафатена и куќата на Џ. Ќ.. Притоа, на Ш.Ќ. ѝ се слошило и била префрлена во здравствена установа за укажување на помош. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

На 17.04.2024 во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки. По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На почеток