Македонија

(Видео) Плата за културните работници до петок, најави министерката Костадиновска – зошто останаа без пари?

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во подкастот „Претрес со Ландов“ рече дека се надева дека денеска ќе се надмине несогласувањето со Министерството за финансии, а дека до крајот на оваа недела, културните работници ќе ги добијат платите кои им доцнат.

„Јас можам да ветам дека ќе направам максимум и пред велигденските празници тие да ја примат нивната плата. Односно правиме напори до крајот на оваа недела да се надминат недоразбирањата и да имаат плата“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Посочи дека за Велигден, културните работници, треба да примат и нова плата. Негира дека намерно прави нервоза помеѓу културните работници.

„Во овој момент немаат плата. Работиме на решение. Во моментов, она на што работиме да се реши е да се исплатат платите. Но има мали несогласувања со Министерството за финансии. Ние изработивме решенија за нивната плата согласно колективниот договор. Тоа е нешто што направи мала забауна во Министерство за финансии. Но како Министерство за култура ги изработивме решенијата. Таму има застој и оттаму е реакцијата. Морам да напоменам дека СКРМ имаат колективен договор еден од подобрите во регионот. Тој е активен“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Според неа, имало забуна помеѓу два колективни договори.

„Јас и вработените направивме максимум, се работеше и малку прекрувремено за да се достават сите решенија за да се обработат, проверат и да се пратат во Министерство за финансии. Но таму има доцнење“, додаде таа.

На почеток