Свет

(Видео) Иранските медиуми објавија видео од нуклеарната централа во Исфахан по нападот од Израел

Иранската револуционерна Гарда: Израел ќе плати за убиството на командантот Реза

Иранската новинска агенција Тасним објави видео од на нуклеарната централа во Исфахан, по извештајот дека се слушнале експлозии во тој ирански град и дека ПВО е активен.

Според БиБиСи, снимката е објавена со наслов дека „нуклеарната локација Исфахан е целосно безбедна“.

На снимката може да се види како во близина на Центарот за технологија Исфахан, човек гледа во својот часовник, а потоа камерата снима неколку војници кои стојат околу системот ПВО.

„Во 4:45 слушнавме истрели. Ништо не се случи. Тоа беше анти-воздушна одбрана“, рече известувачот.

Неименуван американски службеник изјави за Си -Ен -Ен дека Израел утрово извршил напад врз Иран, а иранската државна телевизија пренесе дека се уништени три беспилотни летала над Исфахан, откако се активирал системот за воздушна одбрана.

Високиот ирански командант Сјавош Минхадуст изјави дека одбранбените системи се активирани поради сомнителниот објект и немало штета.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека нема штета на иранските нуклеарни централи.

На почеток