Свет

Висок ирански функционер: Нема планови за итна одмазда. Израелскиот министер: Слабо!

Иранската револуционерна Гарда: Израел ќе плати за убиството на командантот Реза

Иран нема непосредни планови да му возврати на Израел, изјави денеска висок ирански функционер за Ројтерс, неколку часа откако извори рекоа дека Израел извршил напад на иранска територија.

„Странскиот извор на инцидентот не е потврден. Немаме евидентирано никаков напад од странство. Информациите што ги имаме повеќе се наклонети кон теорија на инфилтрација отколку кон надворешен напад“, рече иранскиот функционер кој сакаше да остане анонимен.

Според Ројтерс, ирански аналитичар изјавил и за државната телевизија дека „мини беспилотните летала“ за кои тврди дека биле соборени од противвоздушната одбрана во Исфахан биле управувани од „инфилтратори од Иран“.

Израелскиот десничарски министер Бен Гвир утрово на Х објави објава во еден збор за нападот: „Слаб!“

На почеток