Македонија

(Видео) Боки 13 пред нови операции

На повидок се и нови операции на Бојан Јовановски-Боки 13, рече тој, посочувајќи дека иако е на нозе и функционира, здравјето не му е во добра состојба. Побара јавноста да не ја цени неговата состојба според физичкиот изглед, напоменувајќи дека докторите и конзилијарните мислења говорат за тоа.

„Мојот моментален статус е правосилно осудено лице кое во моментот го користи институтот прекин на издржување на затворска казна, по добиено позитивно мислење од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, согласно медицинска документација и по добивање на позитивна судска одлука на овој суд позади мене, Кривичен суд. Тоа што јас функционирам и сум пред вас, тоа не значи и немојте да го поистоветувате мојот физички со мојата здравствена состојба. За мојата здравствена состојба има повеќе од десетици конзилијарни мислења, имам субтотална гастроктомија и за жал во овој момент имам индикација за нови некакви интервенции бидејќи тоа кај мене е состојба која не ја посакувам на никого“, рече Јовановски.

На прашање од „Скопје1“ дали по оваа прес-конференција очекува да го вратат назад во затвор, поради тоа што претходно наведе дека имал притисоци да не ја одржи, Боки 13 рече: „Јас имам правосилна одлука за прекин, медицинската документација и согласно претпоставките во законот, не го дозволуваат сето тоа. Јас се надевам дека нема толкава негативна тенденција и злонамера тоа да се случи“, додаде Јовановски.

На почеток