Македонија

Трајковски: За Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ и нема друга визија освен европската

На вечерашниот митинг во Кисела Вода, кандидатот за пратеник во Изборна единица 1 од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Горан Трајковски им порача на присутните граѓани: „Ние точно знаеме дека европскиот пат е тежок, но за нас нема друга алтернатива освен ЕУ и нема друга визија освен европската. И ние работиме да ја оствариме.”

Изминативе седум години напорно работевме. Во сите кризи, и пандемија, и економска криза и енергетска криза, Владите предводени од СДСМ успеаја да направат многу. Донесовме и тешки одлуки кои ни обезбедија и членство во НАТО и отпочнати преговори со ЕУ.“

Можам со сигурност да кажам дека ние нема да се откажеме и од иднината. Нема да се откажеме од преговорите со ЕУ.“ – рече Трајковски и додаде: Знаеме дека нема брзи решенија за системските проблеми. Решението е продолжување по европскиот пат и членството во ЕУ. Нема друга алтернатива за нас. Само така земјата ќе има прогрес и ќе постигнеме европски стандард.“

Кандидатот за пратеник од СДСМ, Трајковски додаде:„Граѓаните можат и ќе ја препознаат разликата на овие избори. Изборот е меѓу надеж и безнадежност. Меѓутоа дали ќе одиме напред или ќе се заглавиме пак назад во минатото, нови 11 години. Затоа ве повикувам на 24 април и на 8-ми мај да гласате за Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ и за нашиот претседател Стево Пендаровски. Ве повикувам сите вие да бидете дел од заедничката победа! – им порача Трајковски на присутните граѓани вечерва во Кисела Вода.

На почеток