Македонија

Боки 13 најави нови кривични за политичари, бизнисмени, функционери и нови докази – повикан е во Обвинителство на 10 мај

На 10 мај, Бојан Јовановски-Боки 13 ќе продолжи со поднесување кривични пријави против сегашни и поранешни политичари, бизнисмени, функционери. Тој пред новинарите откри дека имал притисоци и пред денешната прес-конференција.

„Формално-правно е пријавено во Скопското обвинителство кај обвинител тогаш делегиран од Љубомир Јовески. Нема јавно-обвинителска резолуција за тие кривични пријави. Ќе ми дозволите јавно да поставам прашање до Гаврил Ристовски, обвинител, кој во два-три наврати при мое барање од затворот Идризово, бев одбиен и не ми беше даден термин за сослушување“, кажа Јовановски.

Тој додаде и: „Кривичните пријави ќе бидат предмет на разгледување со дополнителни докази пред Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал. За пријавите за закани – имам поднесено пријави за кои имаше институционален молк. Претставуваа слика дека јас зборувам неаргументирано и нефактолошки“.

Тој посочи дека секогаш зборувал со факти.

„Во нашава земја не важи она ‘пред фактите и боговите молчат’, овдека ние мора да молчиме бидејќи тие ја имаат моќта. Јас не молчев ниту во притвор, ниту кога ме судеа, нема да молчам ни сега, се до расветлување на целата состојба. ‘Рекет’ не е расчистен. Јавноста да дознае што се случило, сите инволвирани да одговараат.

На почеток