Магазин

Се подаруваат џип „Мерцедес“, мотор „Јамаха“, најнов „Ајфон“ – куп награди од Боки 13 со едноставни услови за учество

Џип „Мерцедес МЛ 320“, мотор „Јамаха“, ваучер од 2500 евра, „Ајфон“, уреди.. Ова се само дел од наградите кои се доделуваат на големиот giveaway организиран од Бојан Јовановски-Боки 13. Скоро 50 брендови застанаа зад ова наградување, а веќе е најавено и спектакуларно извлегување на добитниците.

Организаторот посочува дека условите за учество се едноставни, да се заследи профилот „Boki_13_giveaway“ и сите профили кои ги следи тој профил. Потоа, треба да се означат пет пријатели, а секое означување да биде во засебен коментар (колку повеќе ознаки, толку повеќе шанси), да се лајкне и сподели објавата на „стори“.

Меѓу остнаатите награди најавени од Боки 13 се и Iphone 15 MAX, Samsung телефон, сет производи и апарати за лична, професионална и домашна употреба, колекции, викенд за двајца во хотел „Тино Св. Стефан“, ваучери за во ресторан „Дион“, третмани, патувања..

На почеток