Свет

(Видео) Почина момчето кое се самозапали пред судницата каде се одвива судскиот процес против Трамп

Полицијата соопшти, а медиумите пренесоа дека почина човекот кој се самозапали пред судницата во Њујорк каде што се одржува судењето на Доналд Трамп.

Максвел Азарело од Св. Аугустин, Флорида, почина во болница.

Шефот на њујоршката полиција, изјзви дека маж влегол во паркот Колект Понд, спроти судницата, прво извадил летоци од ранецот и ги фрлил на подот, а потоа се полил со некаква течност и се запалил.

Залудни биле обидите на официјалните лица и на минувачите да го спасат човекот.

Во исто време, се било подготвено за судењето на Трамп, кое според проценките треба да трае околу шест недели.
Трамп бил во судската палата, но си заминал во моментот на инцидентот.

Според сознанијата на полицијата, Азарело пристигнал во Њујорк од Флорида минатата недела. Тој немал криминално досие, а неговото семејство во Флорида не знаело дека отпатувал во Њујорк.

https://x.com/betzigsandm/status/1781507987758039421?s=54&t=shh_LdnWoPxjNSO2BRBBWg

На почеток