Се шири пожарот во Шибеник


Пожарот што избувна вчера во близина на Шибеник во Хрватска се прошири поради ветрот и непристапниот терен, а утринава во акцијата за гаснење учествуваа и два канадски авиони, пренесува Index.hr.
Во акцијата за гаснење учествуваат и противпожарни единици од Шибеник, а им помагаат и припадници на доброволни противпожарни компании од околните градови.
Ангажирани се вкупно 59 пожарникари и 22 возила.
Како што соопштија утрово од противпожарната служба во Шибеник, голем број нивни припадници се уште се на терен, а пожарот е се уште активен.
Пожарот избувнал вчера околу 18:25 часот на подрачјето на Врпоље и Гребаштица, а гори тревата и ниската вегетација.
,,Полето е обраснато со трева, а поради ветрот пожарот брзо се шири“, изјави синоќа за ХРТ началникот на Шибеничко-книнската жупаниска противпожарна служба Дарко Дукиќ.
