Македонија

Последен ден кампања, од полноќ молк за претседателските избори

Денеска е последен ден од претседателската кампања во првиот изборен круг. Седумината претенденти до полноќ ќе се обидуваат да добијат глас повеќе. Изборниот молк во сила почнува на полноќ и ќе трае до затворање на гласачките кутии на 24 април во 19 часот.

Кандидатите и денеска продолжуваат со своите карвани.

Граѓанскиот кандидат Стево Пендаровски, подржан од кослицијата ,, За европска Македонија “, предводена од СДСМ, ќе има средба со жителите на Демир Хисар и митинзи во Ресен и Битола.

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде на средби и митинзи со граѓаните на Лозово, Карбинци, Пробиштип и на Штип.

Билјана Ванковска од Левица поддршката ќе ја бара во Кичево и во Гостивар.

Кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски од ГРОМ ќе има средби со граѓани од Ѓорче Петров и од село Волково. Претендентот за шеф на државата од ГРОМ, Стевчо Јакимовски, ќе се сретне со жителите на Радовиш, Василево, Ново Село, Босилево и на Струмица.

Претендентот Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ вечер ќе има митинг во Скопје пред Скендербег. Со агенда за презентирање на програмата продолжува и кандидатот од ДУИ и коалицијата Бујар Османи.

На почеток