Лажни објави за наводни заеми, обид за измама и незаконско прибирање на лични податоци и финансиски средства, известуваат од НЛБ Банка
Од
Објавено на
,,На социјалните мрежи се забележани рекламни објави за наводни заеми без кредитна проверка и без доказ за приход, каде неовластено се користи името и логото на НЛБ Банка, а во истата се споменуваат и други банки.
Доколку забележите ваква објава, ве молиме не ја отворајте и не ги споделувајте вашите податоците. Се работи за обид за измама, со цел незаконско прибирање на лични податоци и финансиски средства.
Лажната страница ќе биде пријавена до Фејсбук како и до надлежните институции во земјата, согласно позитивните законски прописи.”, напишаа НЛБ Банка на својот Фејсбук.