Свет

Трамп повторно ги шокираше украинците

Бајден ги носи кутиите со доверливи документи насекаде, рече Трамп и за обвинителот кажа дека е психопат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повторно го испровоцира Киев.

Имено, тој во разговорите со европските лидери Украина ја нарече „дел од Русија“, пишува „Волстрит журнал“ повикувајќи се на свои извори.

Како претседател на САД, Трамп, исто така, постојано ја критикуваше Украина како „корумпирана“ земја „полна со ужасни луѓе“, според весникот.

Светските медиуми пренесуваат и дека Трамп додека бил претседател верувал дека Украина, а особено Крим треба да биде дел од Русија, пренесуваат руските портали за Новости.

На почеток