Коментари

Нашиот авион го возат кецароши од задната клупа кои се поддржани од мафијата, вели Најчевска за Токсиколгија

Професорката по право, Мирјана Најчевска посочува дека министерот за здравство треба кривично да одговара за случувањата на Клиниката за токсикологија. Таму, единаесет лица работеле без важечки договор, дел од нив и без соодветно образование. Ова го констатираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

„Има еден постар филм се вика: “Има ли пилот во авионот“. Нашиот авион очигледно нема пилот. Го возат кецароши од задната клупа кои се поддржани од мафијата. За ова мора кривично да одговара министерот за здравство и секој од раководните кадри кои знаеле а не предупредиле и не повеле соодветна постапка за заштита на пациентите. За ова се оди во затвор на долго време“, вели Најчевска.

Пет медицински сестри, тројца болничари, двајца биолози и еден лаборант работеле на Токсикологија, без потребните квалификации.

„Издадено е решение за да се преземат следните мерки – здравствени услуги на Клиниката да се укажуваат од здравствени работници и соработници кои имаат важечки договори, здравствени услуги да се укажуваат од здравствени работници кои имаат соодветно образование, согласно закон. Медицинскиот и организацискиот директор да ги извршуваат непречено обврските од самостојна, а особено заедничка надлежност“, изјави докторка Рената Младеновска, директорка на ДСЗИ.

На почеток