Македонија

Затворениците и натаму ќе си имаат телефони, одлучила Управата за санкции

Управата за извршување санкции наместо да интервенира и да ги одземе мобилните телефони на притворениците и затворениците, апелира да не ги злоупотребуваат. Во телефонски разговор за Алфа, директорот оваа институција, Јовица Стефановиќ , вели дека било разговарано затворениците да не ги злоупотребуваат работите кои ги имаат кај себе.

-Направени беа вонредни контроли кај затворениците, беше разговарано со нив, побарано беше да не ги злоупотребуваат работите кои ги имаат кај себе, изјави во телефонски разговор за Алфа, Јовица Стефановиќ.

Од затворите каде мобилните телефони се забранети последниве денови јавноста беше сведок на испратени закани од членови на Кумановската група, дел преку објави на социјалните мрежи, дел преку писма објавени во медиумите на албански јазик. Од затворските ќелии се заканија Сами Ушкини, алијас Командант Соколи, Мухамед Красниќи, познат како Командант Малишева, а во писмо закани пристигнаа и од целата Кумановска група.

Повеќе на Алфа.мк

На почеток