Бојмацалиев: Изборниот процес тече во најдобар ред и досега не се регистрирани посериозни нарушувања
Денеска, (24.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев го оствари своето демократско право на глас во Куманово.
„Штотуку го остварив моето демократско право на глас, овде во ООУ „Крсте Мисирков“ во моето родно Куманово, а од информациите што од терен пристигнуваат во Оперативниот штаб формиран во МВР во врска со ОА „Претседателски и парламентарни избори 2024“, изборниот процес тече во најдобар ред и досега не се регистрирани посериозни нарушувања.
Како што знаете, јас во изминатиот период ги посетив секторите за внатрешни работи низ државата при што обрнав посебно внимание на потребата од максимална подготвеност да се одговори на предизвиците околу безбедноста на изборниот процес”, рече Бојмацалиев во изјава за медиумите. Притоа, тој сподели информација од Оперативниот Штав.
„Од страна на Оперативниот штаб, кој го раководи директорот на БЈБ, и сите надлежни организациски единици се преземени сите потребни мерки и активности врз основа на претходно изготвен план, обезбедени се потребните технички услови, а МВР ги распореди сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес. го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори”, рече Бојмацалиев.