Македонија

Би сакал да го дознаам идентитетот на луѓето што го направија ова, вели таткото на Вања

Се соочувам со апсурдни обвинувања до апсолутност. Во моментите кога не можев да пуштам ниту глас, ниту солза, бев обвинуван во полициска станица и тоа за работи што не ми се јасни и не ги разбирам. Би сакал да го дознаам идентитетот на луѓето што го направија ова и сите тие се подеднакво виновни. 

Со овие зборови, низ солзи, Александар Ѓорчевски, осомничен за помагање во грабнувањето на неговата 14-годишна ќерка Вања Ѓорчевска, која беше убиена, денеска пред Врховниот суд побара да биде пуштен од притвор каде е држен со месеци.

Во меѓувреме, како што истакна неговиот бранител, адвокатот Владимир Туфегџиќ, семејната трагедија што ја преживува неговиот клиент ескалира бидејќи тој нема контакт со другата ќерка, односно не му е дозволено да го види своето друго дете.

На почеток